Околу 1.000 демонстранти противници на вакцините излегоа на улиците во главниот град на Србија во близина на Филозофскиот факултет.

Според весникот „Блиц“, полицијата ги опколила демонстрантите за да спречи евентуални немири.

По првичните тензии со фрлање на запаливи предмети, ситуацијата полека се смирила, објавија српските медиуми. Еден од организаторите им се обратил на собраните луѓе, зборувајќи против вакцинацијата.

Во еден момент, група демонстранти го продолжиле протестот пред зградата на српската Влада, каде едно лице почнало да фрла јајца кон полицијата и новинарите, по што, според некои медиуми, било отстрането.


Администратор
19/09/2021 19:03