Скандал во основното училиште „Страшо Пинџур„ во Карбинци. Наставничка, која не е член на ниедна партија на последните избори била уценета да обезбеди гласачи ако сака да остане на работа, по што сепак била избркана.

На нејзината позиција сега работи сосетката на градоначалникот, која воедн е и на листата на советници од СДСМ за престојните избори.

-Како личност никогаш не бев партиски определена. Од мене овде во Штип од страна на директорот се бараше список на гласачи .Колку гласачи ви бараа? Десетина, петнаесетина колку можам и секако во текот на денот давав рапорт кои излегоа и кога ќе излезат. Во јануари од мене се побара члентство во партија, немав избор и прифатив, раскажува наставничката Билјана Димитрова, за Алфа.

Како доказ до телевизијата ги доставила смс пораките и преписките од вибер комуникацијата помеѓу неа и директорот. Последната година конкурирала на три огласи што ги распишало училиштето, но залудно. Во нејзина корист „пресудил“ и Државниот трудов инспекторат.

- Огласот во месец мај. Се јавиј јас и уште неколку кандидати. Беше примен кандидат без положен приправнички испит, со неколку месечно искуство во нашето училиште. Јас од Државниот трудот инспекторат добив одговор дека училиштето добило опомена ,треба да си ја промени својата одлука . И верувале или не училиштето ја промени одлуката на многу интересен начин . Во рок од месец дена распиша нов оглас и истата личност ја прими повторно на оглас и освен таа личност уште три други. На тој начин четириструко го прекрши одговорот што јас го добив од ДИТ, објаснува Димитрова.


Администратор
19/09/2021 02:58