ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.Р.(27) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, во периодот од 26.03.2021 до 02.04.2021, лажно се претставувал и ветувал на три лица обезбедување разни дозволи. Во наведениот период во четири наврати пријавениот им зел вкупно 37.000 денари и 600 евра за ветената услуга.


Администратор
17/09/2021 02:27