Црногорската Управа за катастар и државен имот регистрираше забрана за отуѓување на сите објекти и парцели што ги користи Цетинскиот манастир.

Управата за катастар и државен имот го стори тоа врз основа на вчерашниот заклучок на владата да ја спроведе одлуката од 2005 година без одлагање и да го заведе Цетинскиот манастир во листата на недвижности како државен имот.

Исто така, им е наредено да внесат забелешка за отуѓување и оптоварување во листата на недвижности, јавија подгорички Вијести.


Администратор
15/09/2021 03:06