Кај модуларната болница во Тетово е утврдено дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките, информираше економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми на 15-ти април оваа година

Вчера (14-ти април н.з.) имало примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница.

– Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Системот е дојден до инфективно и може да се поврзе. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба, изјави Етеми.

Артан Етеми тогаш истакна дека модуларната болница ќе биде со капацитет за 35 луѓе.


Администратор
09/09/2021 02:31