Среќа во несреќа е што сите ковид пациенти не биле хоспитализирани во модуларната болница која вечерва изгоре во страшниот пожар.

Според последните информации (заклучно со 07.09) во текот на вчерашниот ден биле хоспитализирани нови шест пациенти а исто толку луѓе биле пуштени дома по болничко лекување.

- Сега вкупно има 82 лица кои се хоспитализирани поради компликации од ковид-19. За прегледи се јавиле 142 лица во амбулантата на ковид – центарот, изјави д-р Гзим Нуредини.

Претходно пак, во април месец економскиот директор на Клиничката болница во Тетово информираше декас се утврдени грешки при изградбата на модуларната болница и дека истата има капацитет од 35 болнички кревети.

Во трагедијата која вечерва ја зави Македонија во црно, според засега потврдените информации починаа 10 лица како последица на пожарот во модуларната болница.


Администратор
09/09/2021 02:31