При распишан тендер за сервисирање на авионите за гаснење на пожари, некој не дозволил да се склучи договор за сервисирање. Скапо ли му било или нешто друго е во прашање?

Претседателе на "нашата земја", проверете си дали некој требало да земе провизија и колку? Зошто е избркана странската фирма за сервисирање?

Понатаму, за летање во ноќни и во сложени метео услови, Министерството за одбрана во периодот пред доаѓање на оваа структура на власт, имаше инвестирано околу 20-тина милиони евра во воените воздухоплови.

Бројката на летала оспособени за НОЌНО летање до пред неколку години беше двоцифрена. Тие летала беа и НАТО компатибилни.

Од моментот на доаѓање на оваа власт на чело со Шекеринска во МО, способноста за ноќно летање е изгубена, односно процесот на сервисирање и надградба на хеликоптерите е прекинат!

Зошто?

Г-дине Пендаровски и г-ѓо Шекеринска, во моментов имате воздухопловство што одговара на минатиот век.

* Чекајте нека изгори цела Македонија, па после ќе се дообјаснуваме...

#ОдговорностМораДаИма

#Неспособни

Драган Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
03/08/2021 04:12