Босанскиот фудбалски стратег Бруно Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија и од денеска е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот шампион, соопшти вечерва тетовскиот клуб.

Акраповиќ се враќа во редовите на Шкендија по петгодишна пауза, откако го предводеше тетовскиот прволигаш од октомври 2015 до декември 2016 година.

Тренерското место во Шкендија беше испразнето откако клупското раководство му врачи отказ минатата недела на албанскиот тренер Ернест Ѓока по катастрофално лошите изданија во еврокуповите.

Тетовскиот клуб претрпе експресна елиминација сезонава во Лигата на шампиони со два порази од словенечка Мура (0:1, 0:5), по што беше елиминиран од летонска Рига во 2. коло во Конференциската лига со вкупен резултат 0:3 (0:2, 0:1).


Администратор
02/08/2021 22:26