Репрезентациите на Шпанија и Јапонија денеска обезбедија настап во полуфиналето на олимпискиот турнир во фудбал.

Шпанците по две продолженија од по 15 минути го совладаа Брегот на Слонова коска со 5:2, откако натпреварот во регуларните 90 минути заврши 2:2 и обезбеди прво олимписко полуфинале од 2000-та година.

Домаќинот на Игрите во Токио ја мина четвртфиналната пречка, откако по изведување пенали беше поуспешен од Нова Зеланд (4:2, 0:0).

Двете репрезентации ќе се сретнат во полуфиналето на 3 август.


Администратор
31/07/2021 15:25