Иако изминаа 20 години од оружениот конфликт бранителите се уште не го добиле соодветниот третман од државата, посочуваат од Одборот на бранители. Годинава се одбележаа повеќе настани од загинување на бранители во Тетовско, а секој пат се кршат нивните спомен обележја, посочуваат од оваа организација.

-Без учество на бранителите во 2001 година државата ќе беше одамна поделена, овој народ кој егзистира тука од православна вероисповед на овие простори денес ќе беше на Овче Поле. Бранители го дадоа се она што можеа да го дадат. Повикани од државата, но државата не им се оддолжи. Ни во еден момент не помислија институциите на тоа бидејќи политичките организации кои делуваат во Македонија, ВМРО ја делеше Македонија, СДСМ не ја бранеше и ги оставија бранителите да останат на ветрометина. До ден денес е исто. Бранителските организации како што е нашата Одбор на бранители дава се од себе, да не се заборави споменот на нашите бранители посебно на загинатите, изјави денес Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители од Тетово

Тој ја потенцира потребата државата за која овие бранители ги дале животите – да им се оддолжи со поголема почит.

– Државата никогаш не застана позади нив. Дури имаше и од оние кои себе се претставуваат за бранители и ја водеа таа организација и ги предадоа бранителите. Ние настојуваме и ќе настојуваме додека сме живи додека мрдаме, да остане споменот на нив. Бидејќи државата ништо не им дала, задоволството ќе биде тогаш кога плочите ќе бидат вратените на местата каде загинеле бранителите. Нам денес ни се случува нешто ненорамално во државата а тоа е да нема сигурност на оние кои го дадоа животот за државата. Тоа е нешто што државата не смее да си го дозволи, ние сме сведоци дека го дозволува меѓутоа тоа нема да оди бесконечно. Ние ќе направиме се да ги вратиме плочите и достоинството да ги чествуваме на местата каде што ги дадоа своите животи. Единствено тоа е исправно, без тоа не може ништо, истакна Најдов.

Денеска се одбелеша годишнина од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски од Тетово. На 8 август треба да се одбележат 20 години од убиените бранители кај Карпалак.


Администратор
31/07/2021 13:19