Најмалку 40 луѓе се повредени во вчерашниот силен земјотрес регистриран во северниот дел на Перу, соопштија локалните здравствени власти.

Болницата во градот Сулане соопшти дека три лица се потешко повредени, меѓу кои и една бремена жена, а полесно се повредени десетици луѓе.

При земјотресот оштетени се 187 домови

Епицентарот на земјотресот со интензиотет од 6,1 степени според Рихтеровата скала беше на 12 километри западно од Сулане во регионот Пиура, на длабочина од 36 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во соседен Еквадор.

Брегот на Перу повеќепати е погоден од силни земјотреси биддејќи се наоѓа во пацифичкиот огнен прстен, подрачје во кое има и околу 128 активни вулкани.


Администратор
31/07/2021 13:19