Утре и задутре, во познатото преспанско село Љубојно, ќе се одржат 48-те, по ред, „Љубанските илинденски иселенички средби“, кои, во изминатиов речиси половина век, израснаа во зачајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и земјата во целина, со силен одјек во македонската дијаспора.

Средбите се дел од Илинденските чевствувања, слободарскиот дух и сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, а го динава се посветени на великанот на македонскиот јазик и опстој Блаже Конески, за што е програмирана посебна манифестација.

Вообичаено, ќе започнат со изведба на македонската химна и поздравни обраќања на д-р Живко Гошаревски, градоначалник на Општина Ресен и Слободан Близнаковски, директор на Агенцијата за иселеништво.

По истиот повод ќе биде промовирана стихозбирката „Раѓање“ од поетот Бошко Рајчовски - Пелистерски од Детроит, САД за која ќе говори проф. д-р Виолета Ачковска, додека песната „Тешкото“ , ќе ја рецитираше поетесата Анета Коруноски-Париз од Чикаго, САД.

Промоција ќе доживее и последниот од шшесетината трудови на Славе Катин од Љубојно „Преспанска разгледница“ што ќе го претстави новинарот, колумнист и публицист Веле Митаноски.

Ќе биде промовирана и монографијата за познатото семејството „Видиновски“ од Торонто, Канада, посветено на познатата македонска поетеса Рада Видиновска за што ќе говори Милчо Јованоски новинар и публицист, како и моногравското дело „Бошко Рајчовски - Пелистерски“, за познатиот и признат иселеник од Љубојно, поетот Бошко Рајчовски - Пелистерски.

Организаторите најавуваат голема народна веселба, со учество на младите и полетни играорци на Друштвото „Гоце Делчев“ од Битола и КУД „Новаци“ од Новаци.

Во текот на двата дена, присутните ги забавуваат групата „Персиди“и естрадните уметници Елена Велевска, Елена Јовческа, Соња Ристевска,Снеже Радичевска, Благојче Стојановски - Туше и Ташко Каранфиловски.


Администратор
31/07/2021 12:49