По повод државниот и национален празник 2 Август, Илинден, празник кој претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава, во Ташмаруништа, ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој и минатата година испрати порака од Ташмаруништа по повод големиот празник. Годинава претседателот Стево Пендаровски го менува концептот на прослава на Мечкин Камен, па така наместо попладнени говори ќе биде организиран концерт во вчерните часови. Според Пендаровски била испратена и покана до ВМРО-ДПМНЕ и до Мицкоски, но засега е потврдено само присуството на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ.


Администратор
31/07/2021 03:47