Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед официјално соопшти вечерва дека ги договорил сите детали околу трансфер на дефанзивецот Рафаел Варан од Реал Мадрид.

Во клупското соопштение се наведува дека договорот ќе биде потпишан веднаш штом францускиот дефанзивец ги помине неопходните медицински прегледи.

Англиските медиуми јавија дека вредноста на трансферот изнесува 41 милиони фунти, плус дополнителни бонуси.

– Манчестер јунајтед со воодушевување може да објави дека клубот постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на францускиот репрезентативец и освојувач на титулата светски првак, Рафаел Варан, соопшти англискиот премиерлигаш.

Варан ќе биде второто големо засилување во редовите на Јунајтед за новата сезона, по доаѓањето на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд за сума од 73 милиони фунти.


Администратор
28/07/2021 01:57