Во петте основни училишта со ресурсен центар во тек се јавни огласи за вработување на 500 образовни асистенти, кои од есен ќе им бидат поддршка на учениците со атипичен развој вклучени во редовна настава. На огласите можат да се јават сите лица кои имаат завршено образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, како и оние кои исполнуваат услови за наставник во одделенска и предметна настава.

Образовните асистенти ќе бидат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите/старателите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот. Тие истовремено треба да ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата.

Месечните примања согласно огласите изнесуваат 24.208 денари. Од вкупно 40 работни часови неделно, образовните асистенти треба 20 до 30 часа да посветат на директна поддршка на ученикот и наставникот, а останатите за подготовка и организација на сопствената работа.

Огласите покрај објавите во јавните гласила, може да се поггледнат и на интернет страниците на Основните училишта со ресурсен центар.

ОУРЦ „Златан Сремец“ – Скопје http://www.zlatansremec.edu.mk/vest-statija/81521/javen-oglas-za-vrabotuvanje-na-obrazovni-asistenti-za-uchenici-so-poprechenosti-vo-osnovnoto-obrazovanie

ОУРЦ „Иднина“ – Скопје ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование

ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на приправници образовни асистенти за ученици со попреченост во основното образование. – Завод Кочо Рацин Битола

ОУРЦ „Климент Охридски“ – Ново Село ЈАВЕН ОГЛАС За вработување на определено работно време на 80 стручни соработници – приправници образовни асистенти за ученици со попреченост во основното образование / SHPALLJE PUBLIKE për punësim në kohë të caktuar të 80 bashkëpunëtorëve profesional-praktikantëve-asistentëve arsimor për nxënës me nevoja të veçanta në arsimin fillor

ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ – Велес http://www.poumacaovcarovaveles.edu.mk/vest-statija/81522/javen-oglas-za-vrabotuvanje-na-obrazovni-asistenti-za-uchenici-so-poprechenosti-vo-osnovnoto-obrazovanie

Министерство за образование и наука


Администратор
24/07/2021 15:27