Членот на американската безбол репрезентација Еди Алварез и кошарката Сју Бирд ќе го носат американското знаме на отворањето на Олимписките игри во Токио, објави денеска Американскиот олимписки и параолиписки комитет.

Бирд и Алварез беа избрани за знаменосци со мнозинство гласови од членовите на американскиот олимписки тим, кој за Игрите во Јапонија брои 613 спортисти.

Бирд (40) е четирикратна олимписка победничка и ќе стане првата жена која ќе го носи американското знаме по Игрите во Атина 2004 и Давин Стенли, која е селектор на американскиот кошаркарски тим во Токио.

Алварез е син на кубански доселеници во САД, а пред Игрите во Токио настапи на зимската Олимпијада во Сочи 2014, освојувајќи притоа сребрен медал во брзо лизгање на кратки патеки.


Администратор
21/07/2021 23:00