Државјанствата, личните карти... власта како на лента брза да ги истера неколку закони под европско знаменце, иако дел од нив не се под притисок да бидат усогласени со европското законодавство. Дел од аналитичарите сметаат дека ова е злоупотреба на европското знаменце и дека Владата ги крши законите со ваквата пракса.

-Ние сме сведоци дека во изминативе 4 години буквално се врши насилство врз Уставот, законите, врз работата на Собранието. Се носат многу закони кои воопшто немаат никаква допирна точка со законодавството од Европската Унија, со тоа европско знаменце, значи имаме целосна злоупотреба на европското знаменце. Мислам дека во овој случај дека тоа е и најизразено зошто од оние неофицијални информации кои дојдоа до јавноста, во однос на некои одредби од тој закон, тој е во спротивност со европските закони за државјанство, вели политикологот Владимир Божиновски за Алфа.

Што се однесува до законот за државјанство се уште е енигма дали во него остануваат одредбите според кои со изјави на сведоци и без услов да се познава македонскиот јазик, може да се добие државјанство. Предлог законот го поднесе Алијанса за албанците, а Левица го блокираше со илјадници амандмани.


Администратор
15/07/2021 04:26