Македонскиот првак во футсал КМФ Проект стартуваше со подготовките за новата сезона и дебитантскиот настап во УЕФА Лигата на шампиони.

Првата фаза од подготовките ќе се одвива на Градскиот стадион во Велес каде играчите на македонскиот шампион ја одработуваат програмата под менторство на професор Методија Карапалевски за физичка подготовка и издржливост.

По освоената прва шампионска титула во клупската историја минатата сезона, екипата на КМФ Проект ќе дебитира во Лигата на шампиони во прелиминарната фаза, во која од 20 до 25 август е домаќин на квалификациската група А против Луксол од Малта, Ашход од Израел и Друидс од Велс.