Играчот за врска на Англија, Џек Грилиш одговори на прашањето за замената на натпреварот од полуфиналето на ЕВРО 2020 против Данска (2:1, по продолженија).
Грилиш влезе на теренот од клупата за резерви во 69. минута наместо Букајо Сака, а беше заменет во 106. минута. Наместо него во игра влезе дефанзивецот Киран Трипие.
– Не е важно. Не ми пречи. Стигнавме до финалето. Тоа е најбитно, рече Грилиш, одговарајќи на прашањето за неговата замена.
Англија во финалето на 11 јули ќе игра со Италија.