Португалскиот напаѓач Маркос Пауло потпиша денеска петгодишен договор со Атлетико Мадрид и е првото засилување на шпанскиот првак за новата сезона.
Пауло дојде во Атлетико без обесштетување, откако му истече договорот со бразилски Флуминензе.
Финансиските детали од договорот не се соопштени, а вредноста на 20-годишниот Пауло се проценува на девет милиони евра.
Пауло е роден во Бразил, но одлучи да настапува за Португалија, чиј дрес во младинските категории досега го облече на седум натпревари.