Бугарската интернационалка Антонина Шопска е најновото засилување на македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција Каменица Саса.

Шопска, како што е соопштено, потпиша едногодишен договор, а во Каменица Саса доаѓа од редовите на бугарскиот прволигаш Пирин Лејдис.

Дваесетгодишната Шопска минатата сезона беше најдобар стрелец во екипата од Благоевград со 21 голови.

Таа е второто засилување од странство во редовите на Каменица Саса за новата сезона, откако македонскиот шампион минатата недела се засили на голманската позиција со репрезентативката на БиХ, Јелена Гвоздерац.

Екипата на Каменица Саса идниот месец ја очекува настап во Лигата на шампиони, а противник во 1. квалификациско коло на 18 август ќе им биде италијанскиот гигант Јувентус.