Словенците од утре ќе можат да изберат со која вакцина против Ковид-19 ќе се вакцинираат.

– Имаме доволно вакцини и веќе од понеделник, ќе може да се избира вакцина, изјави синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша во говорот на конгресот на неговата Словенечка демократска партија (СДС).

– Клучната цел е да се постигне таква стапка на вакцинација што ќе обезбеди имунитет и нормален живот не само во лето, туку и во есен, рече Јанша, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

Во Словенија, се користат вакцините на Модерна и Фајзер, како и Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.

Според официјалните податоци, 28,2 проценти од населението во Словенија досега биле вакцинирани со дозите потребни за целосна имунизација, а 797.861 само со прва доза.


Администратор
20/06/2021 10:46