Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница.


Администратор
20/06/2021 10:38