Премиерот Зоран Заев денеска го соопшти новиот ценовен шок кој ќе го доживеат граѓаните. Имено, тој објави дека Владата ќе воведе еколошка такса за нафтата од 3,5 денари. Воедно премиерот Заев им порача на граѓаните дека треба да се движиме почесто со велосипед, тротинет или електрични возила како и секаде низ светот.

- Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет. Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата затоа што сакаме да ја подготвите С. Македонија и граѓаните за меко спуштање при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за инфраструктурни проекти за 23 општини.


Администратор
15/06/2021 19:01