Бугарскиот претседател Румен Радев по пристигнувањето на денешниот самит на Алијансата во Брисел нагласи дека клучен фактор за безбедноста на сите земји на НАТО е единството, јави БТА.

Тој објасни дека зборува за единство не само во заедничката политичка волја за развој на соодветни одбранбени способности и постигнување компатибилност за спроведување на заеднички операции, туку и во развојот на одбранбените индустрии и водечките технологии.

Според него, планот на НАТО за развој до 2030 година поставува високи цели.

-Задоволство ми е да кажам дека во планот на НАТО 2030 година веќе гледаме првични проекти, рече бугарскиот претседател.

-Јас сум исклучително задоволен бидејќи проектите за кои ќе разговараме денес се залог за зачувување на технолошката предност на алијансата и се од големо значење за развојот на одбранбената индустрија на Бугарија, нашиот научен потенцијал, приватната иницијатива и екосистеми.


Администратор
14/06/2021 13:04