Најсилната порака на НАТО до Русија е дека ние сме единствени и оти неа да успее да не подели, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг пред почетокот на денешниот Самит во Брисел.

Тој додаде дека НАТО и Русија треба да го одржат дијалогот и да направат понатамошен напредок во контролата на оружјето. Според него, односите со Москва се „на најниска точка од крајот на Студената војна” заради агресивното однесување на Русија, што вклучува хибридни акции, кибер напади и труења, вклучително и на територијата на НАТО.

Столтенберг наведе дека учесниците на денешниот Самит ќе разговараат за претстојната средба на американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, што в среда ќе се одржи во Женева. Тој изрази уверување дека лидерите на земјите-членки на НАТО ќе го поддржат двостраниот пристап кон Москва – дијалог и зајакнување на одбранбените способности.

Генералниот секретар додаде дека Кина не е непријател на НАТО, но проширувањето на кинеската воена моќ се безбедносни предизвици за кои Алијансата мора да заземе став. Но, Столтенберг истакна дела постојат можности за соработка со Пекинг во контрола на вооружувањето и за заштитата на животната средина.

Столтенберг посочи и дека Кина инвестира и се обидува да ја контролира важната инфраструктура во рамките на НАТО, на пример во развојот на телекомуникациските мрежи од петтата генерација. Според него, тоа е повод Алијансата повеќе да инвестира во технолошкиот развој.

Столтенберг изрази уверување дека на денешниот состанок ќе биде одобрена програмата за развој на Алијансата до 2030 година, со дополнителни заеднички инвестиции во одбраната.


Администратор
14/06/2021 12:09