„Читам и слушам изминативе неколку дена, еден чуден вештачки натпревар во дел од медиумите, за тоа кој бил со едните, а кој бил со другите. Па дури и дел од оние пара-аналитичари, слуги на Заев почнаа да ни редат зборови во уста, а самите тие да пишуваат некаква црна листа. И нормално во вештачкиот лажен амбиент создаден од лажните кујни на власта на прво место им е ВМРО-ДПМНЕ па 10 празни места, демек тоа е тоа“, истакна претседателот Христијан Мицкоски на вчерашната на 30-тата Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека во делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција и криминал која се знае дека е широко распространет, стимулиран и заштитен од власта, не кажуваат ниту збор од СДСМ.

„Нема толку хартија, колку што има криминалци и корумпирани политичари во власта за таа црна листа“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека од власта се прават како да не ја знаат генезата на ВМРО и дека во својата основа ја има борбата за своја Република, во време кога во Европа владееја монархии и дека слободата и човечките правдини се нашето ново верују.

„И ми стана јасно што е причината за таквиот натпревар. Нема тешка филозофија, до рејтингот е. Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа Влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштита на криминалот и лагите за опозицијата“, рече Мицкоски.


Администратор
13/06/2021 17:43