Драмскиот театар од Скопје со омаж под наслов „#Драмски за Конески“ ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески.

Како што соопштуваат од театарот, настанот ќе започне во 20 часот, а учесници ќе бидат првенците на нивната институција Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ – Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.


Администратор
12/06/2021 11:44