Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја ја повика Германија веднаш да усвои четврти пакет санкции против Минск. Таа, исто така, побара прекин на соработката со државните компании, а Белорусија да биде исклучена од Интерпол.

– Ја повикувам Германија да заземе цврст став против режимот во Белорусија, повикувам на итно усвојување на четвртиот пакет санкции и развој на петти против помошниците на режимот и компаниите кои го поддржуваат, изјави Тихановскаја пред новинарите во Берлин.

Таа, исто така, побара прекин на соработката со белоруските државни компании, исклучување на Белорусија од Интерпол и спроведување меѓународна истрага за злосторствата против Белоруси.

Тихановскаја истакна дека се состанала со „претставници на главните партии во Германија“. Главна тема на средбите била состојбата на граѓанското општество во Белорусија и европските санкции против Минск.


Администратор
11/06/2021 21:38