Би сакал да кажам дека денес протестот го одржуваме пред Министерството за надворешни работи затоа што ова надворешно-политичко прашање поврзано со можните дополнителни отстапки од Македонија кон Бугарија ги засега и министерот Бујар Османи и премиерот Заев и вицепремиерот Никол Димитров кој што беа личности што пред три години не убедуваа дека сме почнале преговори со ЕУ, а гледаме дека и ден денес тоа не е случај.

Истите тројца беа промотори на референдумот на кој што ветуваа дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, но далеку сме од таквата ситуација. Затоа повикуваме до институциите особено до Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ. Гледаме дека тоа не е вистина и сметаме дека таа вистина Заев, Димитров и Бујар Османи им ја должат на граѓаните, на Собранието и на јавноста.

Интегрален текст од изјава за медиуми, Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
11/06/2021 17:00