Нема тајни разговори со Бугарија, нема никакви скриени сценарија, нема преговори за јазикот и идентитетот. Постапките на ВМРО-ДПМНЕ не ги разбирам, истакна министерот за здравство и потпретседател на СДСМ Венко Филипче во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Инаку овие политички изјави на Министерот Филипче доаѓаат во време кога масовната имунизација е „станд бај“ поради немањето на доволен број на вакцини за прва доза и во време кога не се знае кога ќе пристигнат вакцините од Русија и од Кина. Исто така, изјавите на Филипче се поклопуваат со неговата партиска функција во СДСМ што јасно индицира на тоа дека политиката за министерот за здравство, наместо јавното здравје, е на листата приоритети.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била поканета во Министерството за надворешни работи што, според него, е уште еден доказ дека нема ништо тајно.

– Се е отворено и транспарентно. Ниту еден акт, ниту еден документ, ниту едно преговарање не е скриено и тоа е одлука на оваа Влада. Се е јавно и транспарентно. За Преспанскиот договор имаше референдум. Што се скри тогаш. ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка за процесите кои значат заокружување на тој долг пат кон евроинтеграциите, што го помина земјата во интерес на граѓаните, рече Филипче.

Понатаму, покрај ова Филипче во своето гостување Филипче се осврна и на преговорите на Македонија и ЕУ како и указот на Претседателот на САД Џо Бајден.

– Ќе видиме со какви резултати од разговорите ќе се врати премиерот, меѓутоа мислам дека тоа е доказ и признание за нашите проевропски политики. Кога на средби ве канат врвни европски политичари и лидери на Европската Унија, тоа значи дека нашите проевропски политики се признати. Точно е дека повеќе од деценија чекаме во чекалната на ЕУ, меѓутоа сега верувам дека процесите постепено созреваат, оцени Филипче.

Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, според Филипче, е добра порака. Од перспектива на државата, смета Филипче, важни се два моменти – прво што се споменува регионот што значи дека тој останува во фокусот на надворешната политика на САД и второ дека пораката е упатена кон ретроградните политички структури кои активно или пасивно ги поткопуваат евроинтегративните процеси.

Тој вели дека во СДСМ нема никаква загриженост околу наредбата на Бајден посебно во делот на корупцијата, затоа што, како што рече, за разлика од порано, сега нема никаква политичка заштита на поединци.


Администратор
11/06/2021 01:11