Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

– Кај обвинетиот 38-годишник додека престојувал во угостителски објект, на 8 февруари 2020 година, при претрес од овластени службени лица пронајден е пиштол марка „Застава“ модел М 57 и 9 куршуми со калибар 7,65 мм, информират од гостиварското обвинителство.


Администратор
10/06/2021 20:51