Во рамки на Филозофскиот филмски фестивал, вечер во Кинотеката ќе биде отворена Ретроспективата на рускиот режисер Андреј Тарковски.

Присутните ќе имаат можност да го гледаат филмот „Иваново детство“ (Ivan’s Childhood /Ива́ново де́тство, 1962).

Како што соопштија организаторите, најавено е обраќање на амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, а онлајн излагање ќе има проф. д-р Игор Евлампиев од Русија.

Следните денови во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека во Скопје и „Киноверзум“ при МСУ Державин во Свети Николе ќе бидат прикажани најпопуларните филмови на Тарковски, меѓу кои „Сталкер“, „Соларис“, „Андреј Рубљов“ и други.

Ретроспектива ќе трае до 20 јуни.

Организаторите соопштија дека влезот е слободен во рамки на капацитетот на кино салата.


Администратор
10/06/2021 10:51