Во врска со проблемот што се јави со неможноста да се реализираат рецептите во аптеките, Ве известуваме дека е направена анализа на проблемот и утврдено е дека почнувајќи од вчера , во доцните попладневни часови, до денес во раните утрински часови, податочната комуникација која оди од Мој Термин кон ФЗОРСМ, била прекината и со тоа била оневозможена валидацијата за пропишување рецепти и реализацијата на лекови.

Комуникацијата е повторно воспоставена и матичните лекари непречено можат да пропишуваат лекови што осигурениците без проблеми ќе можат да ги реализираат во аптеките.

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, како одговорна и транспарентна институција, е отворен за сите проблеми со кои се соочуваат чинителите во здравствениот систем и за нивно навремено решавање со крајна цел осигурениците во секој момент да можат непречено да ги остваруваат правата од здравственото осигурување.


Администратор
18/05/2021 16:14