Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, три за возач почетник.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 16 прекршоци што ги чинат пешаците, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, 63 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.


Администратор
18/05/2021 12:31