Поради коронавирусот, просечниот животен век на луѓето се намалува за 1,5-2 години, смета Анча Баранова, професорка на Одделот за системска биологија при универзитетот „Џорџ Мејсон” во Фејрфакс, Вирџинија, САД. Таа потсетува дека ковид-19 е болест од којашто човек може да се зарази повеќе од еднаш.

– Болест предизвикана од коронавирус, го скратува животот – во некои случаи, и значително. Сега се решава сериозното прашање за намалувањето на просечниот животен век на луѓето како вид. Во развиените земји (според статистичките податоци) просекот е намален за 1,5 – 2 години. Причината за ова е коронавирусот, рече Баранова.

Таа објасни дека ваков заклучок може да се донесе врз основа на статистички податоци за САД, но и дека и за Русија податоци нема значително да се разликуваат. Претходно, биологот посочи дека можноста од заболување во Русија ќе се намали по надминување на прагот од 30 отсто вакцинирани луѓе.

– Повеќе од 14 милиони Руси се вакцинирани против коронавирус во Русија со првата инјекција, а околу 10 милиони се целосно вакцинирани со две дози. Вакцинацијата против коронавирусот во различни области на Русија се одвива на различни начини, а имунитетот на луѓето се очекува да се постигне до есенва, изјави рускиот вицепремиер Татјана Голикова.


Администратор
14/05/2021 10:46