Хамас соопшти дека истрелал 130 ракети кон Израел денеска, вклучително и кон центарот на државата, како одмазда за ударот врз повеќекатницата во Газа. Во Тел Авив се огласија сирените за тревога, јавија израелските медиуми.

Групата соопшти дека нивниот напад е одговор на израелското гранатирање на кулата ал-Шоурук.


Израелски медиуми јавија и за убиено шестгодишно дете во напад наХамас со ракети во градот Сдерот. Проектилот погодил станбена зграда при што се повредени мајката на детето и уште четири други лица.


Администратор
13/05/2021 00:36