Во текот на вчерашниот ден (11.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 305 возачи.

Од нив, 201 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 64 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
12/05/2021 12:09