Министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја ја изрази шпанската поддршка за пристапување на Македонија во Европската унија, објави шпанското МНР по нејзината средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

– Министерката Аранча Гонзалес Лаја ја понуди поддршката и искуството на Шпанија за унапредување на процесот, во области како што се судскиот систем, владеењето на правото, зелената агенда или дигитализацијата, објави шпанското МНР на „Твитер“.

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот Димитров, денеска од Брисел замина во посета на Мадрид. Ова е прва посета на Кралството Шпанија на премиерско ниво.


Администратор
12/05/2021 00:37