Авиокомпанијата „Емирејтс“ денеска соопшти дека од оваа недела бесплатно ќе превезува медицински производи од Дубаи во девет градови во Индија за да помогне во борбата против вонредниот пораст на новозаразени со Ковид-19 во таа држава.

– Емирејтс ќе превезуваат производи од добротворни организации со седиште во Дубаи, изјави потпретседателот на компанијата Набил Султан, додавајќи дека механизмот подоцна може да се прошири за да помогне од други делови на земјата.

– Апсолутно сме посветени на помагањето на Индија, нагласи тој.

Првиот лет во рамките на „воздушниот мост“ заминува за Њу Делхи на 13 мај со 12,6 тони повеќенаменски шатори од Светската здравствена организација. Претходно овој месец, Катар ервејс пренесе 300 тони бесплатна помош од Доха во Индија.


Администратор
09/05/2021 15:07