Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани, стои во денешна реакција од претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со изјавите од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски за вчера одржаната нивна средба.

– Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, се наведува во пишаната реакција испратена од кабинетот на шефот на државата.

Инаку, се посочува во реакцијата, претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат.


Администратор
08/05/2021 17:22