Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 29.01.2020 во ЈЗУ Здравствен дом „Иван Георгиев“ во Пехчево, Б.С. во својство на одговорно лице на едно лице од Пехчево му издал решение за вработвање на неопределено време на работно место возач во Брза помош, иако не ги исполнувал условите пропишани согласно распишаниот јавен оглас.


Администратор
08/05/2021 00:02