На 3 мај 2021 во периодот од 12.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Стар Дојран и полициски службеници од Стар Дојран, при контрола, во водите на Дојранското езеро, во реонот на с.Николиќ-Стар Дојран, пронашле девет рибарски мрежи за време на забрана за риболов.

Мрежите ќе бидат предадени на инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Администратор
05/05/2021 01:12