Дополнително зголемување на температурата во повеќе делови на Грција беше регистрирано во текот на вчерашниот ден, па така на островот Крит беа измерени рекордни 39,1 степени Целзиусов, наспроти 38 степени во неделата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, за разлика од неделата, вчера, на Крит, Пелопонез и во областа Атика биле регистрирани дополнително високи температури, несвојствени за овој период од годината.

На Пелопонез биле измерени 37,1 степени, на островот Родос 35,4, а во Атина 33,9 степени.


Администратор
04/05/2021 12:07