Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците.

Заев не кажа ништо за Рекет 1 и 2, за ташната со изрекетирани пари која по зборовите на Бојан Јовановски завршила кај Зоран и Вице Заеви.

Заев не кажа ниту за Мафија 1 и 2 и за тоа како светски наркобосови земале македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците на пасошко.

Заев додека славеше ниту еднаш не ги спомна над 4600 загубени животи, од кои голем брпј не се меѓу нас заради лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.

Заев молчи и за илјадниците штедачи кои останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банката.

Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства.

Додека Заев слави, над 150.000 семејства чии членови го прележаа КОВИД 19 се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на врата.

Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од КОВИД, а немаше, ако Заев набавеше вакцини на време.

Додека Заев слави, Македонија тагува.


Администратор
22/04/2021 00:23