Да не беше трагично, ќе беше многу смешно. Мрзливиот Шилегов прави мрзлив наместо брз превоз, цели 30 минути ќе се патува од Ѓорче Петров до Лисиче во Аеродром.

Ајде што се сети после четири години мандат дека треба брз превоз во Скопје, мрзливиот Шилегов направи превоз каков што доликува на неговиот карактер и неработа, мрзлив превоз.

Ова е уште едно сеење магла пред избори. Прво нешто што треба Шилегов да го направи да ги спаси скопјани корона кластерите во автобусите секое утро кои се преполни. Втората работа е да ги искористи студиите кои му се оставени во наследство за решавање на сообраќајниот хаос кој освен додатни средства за превоз, предвидуваат и додатни капитални инфраструктурни проекти какви нема ниту еден Шилегов.

За жал ќе се изнаслушаме уште многу глупости и лаги од мрзливиот Шилегов во последната и крајна година од неговиот мандат. За среќа ова се последните месеци од неговиот очаен и слаб мандат.


Администратор
21/04/2021 16:21