Продуцентите на серијата „Ѕвездени патеки: Пикард“ открија дека во новата сезона, еден од најголемите непријатели на капетанот Жан-Лук Пикард – Кју ќе се врати во приказната.

Главниот глумец Патрик Стјуарт пак, кој ја толкува насловната улога, истакна дека Кју ќе се врати „во најлош можен миг“ – среде траума низ која поминува главниот лик. Инаку, прикажувањето на втората сезона од оваа најнова одгранок-серија, е закажано за од следниот јануари.

– Враќањето на Кју, како и секогаш, е целосно неочекувано. Но, тоа исто така доаѓа во најшокантниот миг од епизодата. И навистина мислам дека тоа е шокантно. Без разлика дали е директно поврзано со Кју, Пикард ќе има уште повеќе трауми, рече Патрик Стјуарт (81).

Патем, Кју повторно ќе го глуми актерот Џон де Ланси.


Администратор
19/04/2021 15:34