Синот на австриско-американската акциона ѕвезда Арнолд Шварценегер – Патрик призна дека татко му во секоја прилика ја користел својата светски позната крилатица од „Терминатор“ – „I’ll be back” (Jaс ќе се вратам).

Помалку познатиот глумец гостуваше во „Шоуто на Кели Кларксон“ и водителката го праша токму за таа навика за татко му.

– Сите ме прашуваат… Постојано го прави тоа! …Ќе тргне накај врата, ќе се сврти и ќе рече – „I’ll be back“! Тато, не зафркавај!, се потсеќа Патрик низ шега и смеа.

Патрик Шварценегер е трето од четирите деца на Арнолд и Марија Шрајвер. Тој е, исто така, глумец и годинава е актуелен со комедијата „Мокси“.


Администратор
16/04/2021 15:44