Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се вакцинираше против коронавирусот.

– По 100 милиони вакцинирани лица во ЕУ, мило ми е што ја примив првата доза на вакцина против Ковид – 19, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа додаде дека „колку побрзо се вакцинираме, толку побрзо ќе ја ставиме пандемијата под контрола“.


Администратор
16/04/2021 11:18