Во пукотница во американскиот град Индијанополис доцна во ноќта по локално време во простории на компанијата „Федекс“ биле погодени најмалку осум лица, а напаѓачот се самоубил, јавија американски медиуми.

Индијанополис Стар објави дека полицијата издала соопштение околу 23:30 часот во кое се наведува дека „неколку жртви биле пронајдени во објект во близина на аеродромот“.

„Кога полицијата пристигнала на местото на инцидентот, полициските службеници увидоа дека се пука во објектот“, изјави портпаролката на полицијата во Индијанополис, Џејн Кук.

Таа потврди дека неколку лица биле погодени од огнено оружје, без да даде точен број, но додаде дека напаѓачот е мртов и дека граѓаните повеќе не се во непосредна опасност.


Администратор
16/04/2021 11:16